Неформалното еколошко здружение “Ohrid SOS”денеска објави фотографии од загадување на Охридското Езеро со нафтени деривати. На фотографиите покрај значително повлеченото Езеро се гледаат траги од некаков нафтен дериват.

„Добро утро Охриде, град на УНЕСКО тоа што си, со институции на кои екологијата приоритет им е и со иницијативи ко нашава шо од досада еко спинови прават само и еколози изиграваат за некакви си политички цели. А ова на сликиве шо го гледате, сетоа тоа е природна колоритност, каква нафта какви хемии кои загадуваат, оваа шареноликост има за цел туристи привлекување, та не знаевте ли? Исто како што и намалувањето на количината на вода има за цел создавање нови крајбрежни плажички на кои и парапетчиња допрва ќе им заличат, со медитерански песок плажарски, бидејќи развој е не е шала.“ – стои во објавата ма “Ohrid SOS”.

Инаку ова не е орв пат во центарот на Охрид да се случуваат вакви еколошки инциденти, но до сега никој не е казнет за предизвиканата опасност по живиот свет во едно од најстарите езера во светот во кое живеат голем број ендемски видови, од кои дел поради човековата негрижа се на раб на исчезнување.

OhridNews
фото: “Ohrid SOS”