По повод 3- ти декември, Светскиот ден на лицата со попреченост, Дневниот центар Порака нова- Струга,  денес, организира информативна работилница наменета за млади лица на возраст од 16 до 35 години, млади родители, трудници, родители кои имале прва ризична бременост и за сите заинтересирани граѓани.

Целта на работилницата е да се дадат насоки како да се роди здраво бебе и како да се одгледува детето во текот на раното детство.

На работилницата ќе извршат презентација тројца експерти од три различни области (дефектологија, гинекологија, педијатрија).

Настанот ќе започне во 12 часот, во Салата на Советот на Општина Струга.

OhridNews