Еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори, Јоханес Хан во петок ќе ја посети Македонија, потврдила портпаролката на Европската комисија (ЕК), Маја Коцијанчич.

Хан во Скопје ќе оствари средби со сите засегнати страни во спроведувањето на Договорот од Пржино, чија крајна цел е одржувањето на предвремени парламентарни избори во април годинава.

Хан, заедно со европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан беше еден од главните посредувачи меѓу политичките партии во земјава при процесот на  потпишувањето на пржинскиот Договор во јуни и јули минатата година.

OhridNews

Извор:„Макфакс“