Поради постоење основи на сомнение за сторени 13 казнени дела од кои, 11 „тешка кражба на дрзок начин“ и 3 казнени дела „одземање моторни возила“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 33-годишно лице од струшкото село Радолишта, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Пријавениот, во периодот октомври-ноември 2019 година, од повеќе продавници и бензиски станици на подрачје на Струга, одземал пари, разновидна стока како и моторцикли паркирани во куќен двор, стекнувајќи се со противправна имотна корист.

OhridNews