
Според образложението на измените, со ваквото решение ќе се зголеми бројот на даночните обврзници кои ќе имаат законска обврска за регистрација за цели на данокот на додадена вредност, а тоа ќе придонесе за намалување на бројот на субјектите кои не пресметуваат ДДВ, а чија дејност овозможува повисока додадена вредност, како на пример услужните дејности.
-Се очекува со ова решение да се обезбеди зголемување на лојалната конкуренција на пазарот – се наведува во образложението на измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност.
Исто така, со овие измени и дополнувања се воведува и издавање електронска фактура, која покрај хартиената ќе почне да се применува до 1 март 2015 година. Со нејзиното издавање треба да се согласи примателот на доброто или корисникот на услугата.
Даночните обврзници добиваат задача да обезбедуваат читливост, автентичност на потеклото и интегритет на содржината на фактурата за целиот период на нејзината актуелност, односно од моментот на издавањето до завршување на рокот за чување.
Се предлага и укинување на пренесувањето на даночната обврска при промет на недвижнини во извршна или постапка на присилна наплата со јавно наддавање.
OhridNews












