Општина Охрид ги информира и потсетува сите физички лица кои вршат услужни дејности поврзани со водениот превоз кои се реализираат со пловен објект со јачина на мотор кој не надминува 20 коњски сили и кој вклучува превоз на максимум 12 лица,  согласно член 52 од Законот за туристичка дејност, потребно е истите да се  регистрираат во Регистарот за туристичка дејност што го води Градоначалникот на општина Охрид.

Физичките лица кои поседуваат вакво РЕШЕНИЕ потребно е да поднесат ново БАРАЊЕ за вршење на туристичка дејност бидејќи истото е со важност од 1 ( една ) година.
Истото можат да го направат и  во Секторот за ТЛЕР при општина Охрид со локација над  УНИ БАНКА со поднесување на БАРАЊЕ (  кое е објавено на  општинската страна  или може истото да се подигне во просториите на Секторот за ТЛЕР ).

Физичките лица кон БАРАЊЕТО треба да ја приложат следната документација: УВЕРЕНИЕ за оспособеност за управување со чамец-пловидбена дозвола-Осигурителна полиса (осигурување од повреда и смрт).

OhridNews