Најстариот карневал во Македонија и воопшто во Европа и годинава на уникатен и препознатлив начин, преку креативни маски ги отслика актуелните настани во земјава и светот. Низ вевчанските сокаци покрај традиционалните зет и невеста, музичарите и Глупавиот август, денеска продефилираа бројни митски и пагански суштества, а најмногу внимание привлекоа групната маски на специјалната обвинителка Катица Јанева, Скалата „Слези ти да се качам јас“ на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Возилото за прислушкување на ЦИА, Терористите од Исламска држава, како и маскaта на професорката Каракамишева и маската на Дунавка Трифуновска.

 

OhridNews
Фото: Емилио и Мега Продукција