Предновогодишната атмосфера која деновиве започна да се чувствува низ охридската чаршија и градскиот плоштад, денеска беше збогатена со весела предновогодишна приредба на охридската градинка „Јасна Ристеска“.

Со песнички и танцови точки, посветени на Новата година и зимата, пред многубројната публика настапија дечиња од сите возрасни групи. Разиграната приредба беше надополнета и со гостување на Дедо Мраз кој танцуваше заедно со дечињата.

Забавниот настап беше дел од новогодишната програма, што во текот на изминатите денови се реализира на градскиот плоштад во организација на општина Охрид.

OhridNews