Овој викенд на ѕидот од спортското игралиште „Караорман“ во Струга, беше создадена новата улична галерија со должина од 160 метри.
На настанот насловен како „На градот му треба мултиетничка боја“ учествуваа млади уметници, графити артисти, креативци и активисти од цела Македонија, а најдобрите дваесет имаа можност да ги реализираат своите концепти.
Инаку, настанот беше во организација на Младинскиот образовен форум во соработка со општина Струга, а во рамки на проектот на УСАИД за граѓанско општество.
OhridNews
















