Екстремно ниските температури кои траат со денови го замрзнаа каналот во реконструкција кај Студенчишта. Овој канал во моментов не е во функција и има мало количество вода која целосно е замрзната.

Охрид иако окован во снег и мраз изгледа убаво. Под бела покривка се пловните објекти околу каналот Студенчишта, но и спортските терени на „Билјанини извори“.

Според најавите, во понеделник ќе преовладува променливо облачно и многу студено со сончеви периоди, и со услови за провејување на снег. Ќе дува умерен северен ветер. Преку ноќта кон вторник ќе има повремен снег претежно на југот од земјата. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до -8 степени Целзиусови.

 

OhridNews