Под мотото „Биди човек помогни на сите“, во Охрид денеска ќе се случат повеќе хуманитарни активности за помош на Јана Арсовска и Дејан Тодоровски Дексан.
Во повеќе кафетерии, хотели, маркети, компании ќе има хуманитарни штандови, а дел од нив ќе одделат дел од дневниот промет за помош на Јана и Дејан.
Хуманитарната среда во Охрид ќе заврши со хуманитарна студентска забава во кафе и бар „Шила“, што ќе се одржи вечерва.
Хуманите граѓани можат да им помогнат на Јана и Дексан со донации на наведените жиро сметки.
OhridNews