Најновиот број на уникатниот зборник ”ПАТРИМОНИУМ”, списание за културно наследство – споменици, реставрација, музеи, во кој пишуваат најеминентните научници од цела Европа е посветен на историчарот на уметност и археолог Гоце Ангеличин Жура.

Досега овој ексклузивен зборник бил посветен на најголемите македонски и светски историчари на уметноста, д-р- Антоние Николовски, доајенот на македонската уметност од 19 век, д-р-Димитар Ќорнаков-доајенот на Македонската и Балканската резба, д-р Коста Балабанов, доајенот на иконописот во светски рамки, Јасмина Чокреска Филип-единствениот истражувач на книжните илуминации на икони , м-р.Јован Петров, доајенот на иконописна конзервација. Ете сега е посветен на еден наш сограѓанин

Во најновиот број на овој зборник, на скоро 400 страници, поместени се трудови на најеминентните македонски историчари на уметност – проф.д-р.Елизабета Димитрова, проф. д-р Анета Серафимоа, проф.д-р Снежана Филипова, археологот проф.д-р. Никос Чаусидис и многубројни научни трудови на еминентни учени од Франција, Србија, Бугарија, Австралија и др.

Ова признание е потврда дека Охрид има научник од светски размери на чии дела докторираат стручњаци во Франција и во др. земји, а неговите книги се наоѓаат во познати библиотеки на целиот свет.

Извонредната и плодна многубројна библиогарафија ја подготви Горан Патче, a превод на англиски направи Гордана Ангеличин Жура.

OhridNews