Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески упати честитка до сите граѓани со католичка вероисповед по повод раѓањето Христово-Божиќ.

-Денот посветен на Христовото раѓање- Божиќ е најголемиот христијански празник кој ги  симболизира, семејните вредности,  човечката толеранција и заемното разбирање. Овој празник на љубовта и добрината  нека  донесе душевен мир и спокој, светлина и топлина во домовите и сила да правиме добри дела, да влеваме надеж  на сите оние кои страдаат и меѓусебно да се почитуваме и помагаме. Божиќ е празник  кој не учи да живееме во простување и милосрдие, да ги следиме  моралните закони во нас  и да дејствуваме во согласност со честа и вистината.

Со прославувањето на Христовото раѓање  уште еднаш се   потсетуваме  на потребата да бидеме достојни верници и чесни луѓе, да живееме скромно и правично да   допринесуваме во зацврстување на мирот, хармонијата,  семејните и традиционалните вредности. Посакувам сите Христијани со католичка вероисповед празникот да го минат во добро здравје , мир и благосостојба. Божиќните прослави нека бидат добра можност  за јакнење на вербата во иднината и надминување на сите несогласности.Нека е честит и благословен големиот христијански празник – Божиќ!,пишува во честитката на градоначалникот Бакрачески по повод празникот.