Од страна на командирот на охридската Територијалната противпожарна единица, вчера, во Полициската станица, било пријавено дека во периодот од 7 часот на 5-ти февруари до 7 часот на 6-ти февруари во гаражните простории, плочките во тоалетот, на вратите од кулата, спалната, тоалетот, кујната и на металните и дрвени ормани во службените простории, непознат сторител со маркер испишал графити со недолична содржина.
Местото е фотографирано. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
OhridNews