
– Потребно граѓаните само е да ни ја наведат локацијата и временскиот период во кој најчесто ги забележале овие појави без разлика дали станува збор за брзо возење, некакви трки, непрописно паркирање или други непочитувања на сообраќајната сигнализација. Ниваната забелешка веднаш ќе биде проследена до Секторот за сообраќај од каде што во најкус можен рок ќе биде изготвен план за вршење на контрола во однос на информацијата доставена од граѓаните. По завршувањето на контролата, наша ќе биде обврската повратно да ги известиме граѓаните за преземените мерки, констатираната состојба и изречените санкции“, појасни министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Според министерката Јанкулоска останува да се види дали со тоа ќе се зголеми бројот на регистрирани прекршоци и бројот на казни, но сигурно е дека тоа ќе значи поголема внимателност и поголемо почитување на сообраќајните правила и прописи.
OhridNews












