Груевски бара помош од Јапонија за довршување на колекторскиот систем
02.12.11 10:43
На средбата одржана помеѓу македонскиот премиер Никола Груевски и претседателот на Јапонската агенција за меѓународна соработка, Садако Огата, од страна на македонскиот премиер била пренесена подготвеноста на македонската страна за зголемување на меѓусебната соработка, пред се во однос на два нови инфраструктурни проекти кои ќе придонесат за ублажување на климатските промени и заштита на животната средина преку искористување на поволните услови за финансирање од страна на Јапонската официјална развојна програма за кои Република Македонија ги исполнува квалификационите услови.
Во тој контекст, премиерот Груевски ја информирал Огата дека македонската страна е подготвена да предложи два проекти, и тоа проект за модернизација и доизградба на колекторскиот систем околу Охридското Езеро кој има за цел подобрување на еколошката заштита на охридскиот езерски регион и проектот за модернизација на ТЕЦ Битола кој има за цел намалување на емисиите на штетни гасови во воздухот согласно ЕУ стандардите.
Вкупната вредност на двата проекти се проценува дека изнесува нешто над 100 милиони евра и во следниот период ќе следуваат консултации за утврдување конкретни чекори за нивна операционализација.
Денеска во 01:40 часот на улицата „Партизанска“ во Охрид полициски службеници од СВР Охрид и Единицата за брзо распоредување при МВР, од слобода лишија 21 годишно лице од Скопје При контрола во пат...
49-годишно лице од село Волино вчера се удавилo во водите на Охридско Езеро во близина на Струга, информираат од СВР Охрид Во 16:30 минути во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското ...
Пред многубројна домашна публика и гости, синоќа во Охрид беше промовирана збирката раскази „Берлин, градот што не го засакав на прва“, на Енис Хилми, добитник на наградата „Новите“ од издавачката ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.