Вечерва околу 22 часот се урна хеликоптер на периферијата во Струмица, недалеку од индустриската зона, јавува тв „Телма“. Според првичните неофицијални информации, станува збор за хеликоптер од типотн „МИ 17“ кој превезувал припадници на МВР. Во несреќата загинале четири лица.
Како што пренесува телевизијата, во градот се слушнал силен татнеж, а кон небото се издигнал чад. Според очевидци, хеликоптерот доаѓал од правецот на Ново Село кон Струмица. На периферијата од градот леталото најверојатно удрило во висок предавател по што се урнало. Остатоци од хеликоптерот биле расфрлани во дијаметар од над 50 метри. Опашот од леталото е цел, но кабината била целосно уништена и изгорена, јавува репортерот на Телма од Струмица.
Огнот е изгаснат, на местото на несреќата се наоѓаат бројни полициски, пожарникарски и медицински екипи. Увидот е во тек.
OhridNews
извор:„Тв Телма













