Форумот на жени на СДСМ – Охрид во соработка со организацијата на Црвениот крст ја организираше традиционалната хуманитарна акција „Дарувај од срце“, за помош социјално ранливите категории граѓани.
Во рамки на акцијата собрана е поголема количина облека, обувки, постелнини и друго. Од форумот на жени на СДСМ – Охрид велат дека се свесни оти со оваа акција не може да ги решат проблемите со кои се соочуваат ранливите категории граѓани, но подавањето рака кон нив е само мал чекор за подобрување на тешката состојба во која тие се наоѓаат.
-Количината на донираната помош и фактот дека помошта завршува во вистински раце, само ја потврдија хуманоста на охриѓани кои, како секогаш, несебично ја покажа својата грижа кон своите сограѓани. – велат од форумот на жени на СДСМ Охрид.
Оттаму додаваат дека и понатаму ќе бидат партнер во хуманитарните акции на Црвениот крст и напорите за подигање на јавната свест во насока на решавање на егзистенцијалните проблеми на граѓаните, како еден од врвните приоритети на социјалдемократијата.
OhridNews