Снегот и студот предизвикаа оштетувања на новогодишните украси. Екипите задолжени за украсување вчера интервенираа во центарот на градот и ги преинсталираа украсите кај споменикот на Св. Климент Охридски.

Новогодишните украси се под напон, поради што граѓаните треба да внимаваат кога се во нивна близина, особено во периоди на врнежи од дожд и снег, како што е случај деновиве.

OhridNews