По повод Христовото раѓање Божик и оваа година социјалното друштво „Св.Наум Охридски“ од Мелбурн- Австралија донираше свечен ручек за лицата згрижени во Одделението за геријатрија при охридската Општа болница. Освен божикниот ручек, членовите на друштвото на лицата во геријатриското одделение им подарија и зимски џемпери и чорапи.
Со ваквиот хуман гест претседателот на социјалното друштво „Св.Наум Охридски“ од Мелбурн, Васко Ангеловски и членовите, на згрижените во одделението, им го честитаа големиот верски празник со желби за добро здравје.
„Св.Наум Охридски“ веќе неколку години со свои донации го помага одделението, а секоја година организира и божикен и велигденски ручек за лицата во геријатрија.
OhridNews