Според организаторите, целта на овој проект, кој има натпреварувачки карактер, е да се подигне квалитетот на практичната настава, да се зајакне меѓусебната соработка помеѓу стучните училишта и хотелските објекти и да се приближи бизнис секторот со образовните установи.
Проектот е финансиран од австрискатс канцеларија Култур-контакт, потпомогната од Министерството за образование на Република Австрија.
Инаку угостителско училиште „Ванчо Питошески“ годинава обележува 50-години од своето постоење.