Во сабота, 25-ти јануари, со почеток во 20 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ нова Импровокација-Постпразнична терапија.

„На сите преживеани по маратонот од празници им честитаме. Како награда добивате можност час и кусур да ги вежбате стомачните без воопшто да се мачите. Оставете професионалци да се погрижат за вас. Терапијата содржи: Елементи на високо интелектуален хумор сервиран од Кипро, пилатес техники со наслов “Маса по дефиниција“ или како да го владеете своето тело по празниците, презентирани од Стрезо. Поетски двобој со мамурлукот, за стиховите ќе се погрижи Коле. Како совеста да ви биде безгрижна како детството, ќе беседи Жура. Презентација на сет од ринг тонови и аларми кои нежно ќе ве будат по празниците, композиции на Маестро Чиче“, порачува тимот од Импровокација.

Резервации на телефонскиот број 075 283 066 (од 11 до 15 часот) или во Музичка Продавница ЗЗ ТОП. Цена на билетите е 200 ден.

OhridNews