Прагот за станување ДДВ обврзник кој сега изнесува еден милион денари да се подгне на 2 милиони денари, сугерира експертската јавност. 

Во Хрватска прагот за станување ДДВ обврзник изнесува 40.000 евра, а во Србија 70.000 евра. Во Македонија тој праг изнесува 16.000 евра.

Прагот за станување ДДВ обврзник во Македонија до 2015 година изнесуваше 2 милиони денари, по што беше намален на еден милион, со образложение дека тоа го барал бизнис секторот, што наиде на силно негодување кај малите компании кои се најпогодени од ваквата мерка на државата.

Темата за корекција на прагот за станување ДДВ обврзик повторно се актуелизираше деновиве по најавата дека физичките лица кои остваруваат годишни приходи над еден милион денари треба да плаќаат данок на додадена вредност. 

OhridNews