
Денеска и утре приемот на годишни сметки ќе се врши во сите регистрациони канцеларии на Централниот регистар во периодот од 8 до 20 часот.
Согласно Законот за трговските друштва, средните и големите субјекти се должни до Централниот регистар на Република Македонија да ги поднесат годишните сметки и финансиските извештаи исклучиво во електронска форма, а ревидираните и одобрени годишни сметки и финансиски извештаи за 2014 година да ги достават најдоцна до 30.6.2015 година.
OhridNews












