Изложба на цртежи денес ќе биде отворена во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга со почеток во 20 часот. На овогодинешната групна изложба ликовните уметници ќе се претстават со свои цртежи во повеќе техники.

На изложбата ќе учествуваат Владимир Младеноски, Даме Затуровски, Димитрие Дурацовски, Ѓорѓи Крстевски, Марјан Стојаноски, Милко Нестороски, Лида Шерафатманд, Горан Ристовски, Викторија Попоска, Таиса Чепуњоска, Енкел Дика, Кристина Мукоска Затуровска, Ангела Махоска, Ардита Ала, Стефанија Бетоска, Вјоса Положани, Христијан Томаноски.

OhridNews