На изложбата, која ќе биде отворена во утре, ќе бидат претставени остварувања на повеќе охридски фотографи на слободна тема „Охрид“ во црно-бела и колор техника, кои се изработени минатата година.
Со подржување на оваа изложба, фестивалот „Охридско лето“ и дава една нова димензија на фотографската уметност во Охрид, а самиот фестивал се вклучува во модерните текови на развојот на светската култура и уметност.
Инаку за Фото клубот „Охрид“, ова ќе биде 12-та заедничка изложба на фотографии.