Извозот на стоки од земјава од јануари до ноември минатата година бележи пад од 9,9 отсто во однос на тој период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во перидот јануари – ноември 2020 година, изнесува 5.970.157.000 американски долари, вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7.744.550.000 долари, што е за 9,7 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, пак, во перидот јануари – ноември 2020 година, изнесува 1.774.394.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари – ноември лани изнесува 76,9 отсто.

Во периодот јануари – ноември 2020 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, нашата држава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.
OhridNews












