Општина Охрид распиша јавен повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес за 2016 година.Општина Охрид заради остварување на јавните потреби и јавниот интерес, на Јавниот повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на Општина Охрид за 2016 година, ќе поддржи програми и проекти на здруженија на граѓани, поединци и институции кои обезбедуваат стимулирање и презентација на вредности и достигнувања од јавен интерес во различни области: култура, спорт, образование, социјала, екологија, здравство и млади; традиционални манифестации од локален, регионален, национален и меѓународен карактер и различни видови активности на лица со посебни потреби.На Јавниот повик право на учество имаат правни и физички лица.Програмите и проектите за кои ќе бидат доделени финансиски средства, треба да се реализираат на територијата на Општина Охрид, во текот на 2016 година.Јавниот повик трае 30 дена од денот на објавувањето.

За да се утврди дека програмите и проектите се од интерес на Општина Охрид, тие треба да исполнуваат најмалку еден од следниве општи критериуми: да допринесат за побогат, поквалитетен и разновиден јавен живот на ниво на општината;иновативност, впечатливост и оригиналност на идејата;чување и афирмирање на материјалното, духовното и културното наследство; поттикнување и афирмирање на културните разноликости на припадниците на етничките зедници; континуитет на традиционални манифестации што се од интерес за општината; презентирање и афирмирање на современото творештво, урбаната култура и јавната уметност; подобрување на образованието; афирмирање и поддршка на млади уметници и автори; развивање и поддршка на младите, младинската партиципација и учество и младинската култура во чии рамки ќе се поддржуваат креативни и едукативни проекти;воспоставување на соработка и партнерства во рамките на предложениот проект со една или повеќе јавни установи од општината, национални установи, граѓански организации, образовни институции и други организации; одбележување јубилејни настани и значајни датуми;организирање на меѓународни манифестации што се одржуваат во Општина Охрид; стимулирање и поддршка на разни партнерски меѓународни проекти; поттикнување на научната и критичката мисла преку организирање на семинари, конференции и дебати; потикнување на креативноста и подобрување на развојот на децата и младите и лицата со посебни потреби;унапредување на животот на лицата со посебни потреби; развој на спортските активности кај лицата со посебни потреби;стимулирање и потикнување на здравјето на граѓаните;квалитетен, богат и разновиден спортски живот на ниво на Општина Охрид;развој и унапредување на сите форми на училишен спорт;афирмација на масовниот и другите спортови и рекреацијата кај сите возрасни групи и категории на население од општината;заштита и унапредување на животната средина.

Оценувањето на поднесените проекти/програми ќе се врши согласно Правилникот за начинот, постапката и критериумите за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на Општина Охрид за 2016 година.

OhridNews