Католичките верници, вечерва го слават Бадник, а утре Божик, раѓањето на Исус Христос.

Според преданијата, Исус Христос е роден на 25 декември во Витлеемската пештера, па тој датум, со разликите во календарите, се почитува во целиот христијански свет. Бадник е еден од најголемите празници за христијаните.

Обичај е по свечената литургија, да следува празнична вечера на која се послужуваат посни јадења.Трпезата има религиозен карактер и е многу свечена, а пред да се продолжи со јадењето, се чита извадок од Евангелието на Лука за Рождеството Христово. Ритуалот на трпезатата го води главата на семејството.Насекаде распространет и познат е обичајот на трпезата да се остави празно столче. Ако некој дојде во домот на Бадник навечер, тој треба да биде прифатен како брат. Овој обичај е во знак на почит кон блиските и драги луѓе кои не можат да го чекаат Бадник со семејството.  За нив и за оние кои го напуштиле овој свет се оставаат прибор и чинија во која се става од се по малку. По завршувањето на вечерата, трпезата не се крева.

Заедно со католиците, овој празник го слават протестантите и Англиканската црква, како и некои православни цркви кои го прифатија Грегоријанскиот календар.

OhridNews