Во Македонија денеска почнува кампањата за предвремените парламентарни избори што ќе се одржат на 11-ти декември. Политичките партии и коалициите ќе ги стартуваат изборните каравани, ќе одржуваат митинзи и собири, ќе се рекламираат и ќе одaт од врата до врата со цел да ги убедат граѓаните да го дадат гласот за нив. Но граѓаните на Македонија, вклучлително и охриѓани очигледно се уморни од 25 годишната транзиција, сиромаштијата, нискиот стандард, слабата економија и безработицата, па се помалку им веруваат на политичарите или речиси воопшто не им веруваат. Тоа го покажува и анкетата што за свои потреби изминатиот период ја спроведе OhridNews која покажува висок степен на недоверба на граѓаните кон политичарите кои имаат само три недели да го поправат впечатокот.

Ново анкетно прашање: Дали предвремените парламентарни избори ќе ја разрешат кризата во Македонија?

OhridNews