На почетокот на следниот месец се очекува да се објави јавниот повик за идејно решение за изградба на театар во Охрид. Ова денеска го истакна премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на нови дела од капиталните едиции „Антологија на светската поезија“, „Превод на антологија на македонската книжевност на шест странски јазици“ и „Македонски искушенија“.

-Во текот на 2016 година ќе тече конкурсот за идејно решение, понатаму ќе има конкурс за проект и некаде крајот на 2016 ќе се направи тендер за изградба, за во 2017 да имаме театар во Охрид кој покрај тоа што ќе биде театар ќе биде и место за ликовни изложби, ќе биде повеќе наменски проект.- истакна премиерот.

Тој додаде дека готов е проектот за Драмски театар во Скопје и дека  во текот на јануари ќе се објави тендер за изведувач за градба. Во јануари веројатно ќе се објави и оглас за изнаоѓање на јавно приватно партнерство за Театарот комедија, а во тек е израдбата на Струмичкиот театар.

OhridNews