
Кежаровски беше осуден на четири ипол години затвор за откривање на идентитетот на заштитениот сведок во случајот „Ореше“, во кој беа товарени лица за нарачано убиство на старец од истоименото велешко село. Апелациониот суд на Кежаровски му ја намали казната затвор на две години. Со оглед на тоа што на новинарот му се сметаше времето поминато во притвор, му остануваа уште помалку од четири месеци затвор од казната.
Веднаш по одлуката беше спроведен на издржување на казната во затворот во скопската населба Шутко Оризари, но беше ослободен поради влошената здравствена состојба.
Кежаровски беше ослободен токму на денот кога се одржа протест против казната затвор на новинарот. Колегите бараат ослободителна пресуда.
OhridNews
извор: Макфакс












