Пресуден фактор за појава на пожарите на отворен простор е човечкиот фактор. Голем дел од пожарите се намерно предизвикани но и од невнимание. Тргнувајќи од овој факт и фактот дека превентивата е најдобра заштита од појава на пожарите ЈУ Националниот парк Галичица го објавува следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

До сите граѓани кои живеат и престојуваат на територијата на паркот.

Поради зголемена опасност од појава на пожар во летниот период како и според Закон за шуми, забрането е палење на оган, фрлање на догорчиња и други причинители на пожари на отворен простор.

Чуварската служба на ЈУ Национален парк Галичица Охрид, против оние кои нема да ја почитуваат оваа забрана ќе превземе мерки согласно законот.

На сите посетители им посакуваме пријатен престој во Националниот парк “Галичица”, со молба да не ги уништуваат природните вредности на паркот.

ОД УПРАВАТА НА ЈУ НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК ГАЛИЧИЦА
О Х Р И Д