Граѓаните продолжуваат со несовесното однесување при одлагањето на кабастиот и зелениот отпад.

Преполнетите контејнери со зелен отпад, расфрлан и околу нив, кабаст отпад оставен без најава до јавното претпријатие кое го подига- секојдневно може да се забележи на бројни локации низ градот.


Од ЈП Комуналец коментираат дека ваквото однесување на граѓаните е неоправдано со оглед на честите акции за подигање кабаст и зелен отпад кои се организираат од страна на претпријатието.

– Почнувајќи од 3- ти ти септември континуирано секоја сабота спроведуваме акции за подигање ваков вид отпад во различни делови од градот. Исто така им стоиме на располагање на граѓаните преку “Службата 48 часа”. Но и покрај тоа несовесни граѓани ваквиот вид отпад го оставаат кога сакаат и кај сакаат. Со тоа ни наштетуваат не само нас како јавно претпријатие задолжено за одржување на хигиената во градот, туку и на останатите граѓани кои совесно го депонираат само комуналниот отпад во контејнерите, велат од ЈП Комуналец.

OhridNews