Љубителите на театарската уметност од Вевчани вечерва, ќе имаат можност да ја гледаат претстава „Ај да си речеме уште една”, во изведба на Охридскиот театар. Претставата која е во режија на Андреј Цветановски е најновиот проект, со кој охридската театарска екипа планира да ја заокружи оваа година.

Од  Центарот за култура Григор Прличев од Охрид, во чии што рамки функционира Охридскиот театар, информираат дека гостувањето во Вевчани е дел од претпремиерата на претставата, а според планираното истата ќе биде изведена и во Кичево и во Македонски  Брод.

– Подготовките за оваа претстава се поддржани од Центарот за развој на Југозападниот плански регион, во рамки на  проектот за децентрализација на културните настани и во помалите средини. По трите претпремиери, кои ќе се изведат до крајот на оваа недела, следува главната премиера на претставата, која ќе се одржи во Охрид на 17 –ти декември.-вели Драгана Боцевска, директор на Охридскиот центар за култура.

Таа нагалси дека претставата ќе стане дел и од  редовниот репертор на Охридскиот тетар.

Инаку тетарското дело „Ај да си речеме уште една” е современа комедија со елементи на народното творештво. Во него се разработуваат неколку македонски народни песни кои преку впечатлива актерската игра ќе и бидат пренесени на публиката.

OhridNews