Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, во соработка со Амбасадата на САД во Македонија го објавува конкурсот за најдобар средношколски медиумски производ „Изрази се преку медиумите“. Учениците и училиштата можат да аплицираат со фотоприказна, постер или едноминутнo видео на тема „(Де)конструирај ги медиумите: Пораката зад пораката“.

Целта на овој конкурс е да се поттикне медиумската писменост кај младите, кои на креативен начин ќе покажат дека умеат да ги толкуваат и критички оценат медиумските содржини на кои се постојано изложени.

-Медиумскиот производ треба на оригинален начин да го открие значењето на медиумската порака, објавена на телевизија, радио, печатен или онлајн медиум како вест, информација или промотивна реклама. Средношколците треба да откријат како оваа медиумска содржина влијае врз изборот на младите да купат нешто, да донесат одлуки или пак дали ги наведува да размислуваат во одредена насока. Во своите предлози за деконструирање на медиумската содржина, средношколците треба на креативен начин да ја претстават целта на испратената порака, обидувајќи се да одговорат на следните прашања: дали и колку е реална таа порака, како е конструирана и која идеја ја промовираат, пишува во конкурсот.

На конкурсот може да се пријават ученици од прва до четврта година од сите средни училишта во Македонија. Право на учество имаат и самите училишта. Како прва награда за најдобар медиумски производ ќе биде доделен таблет, каковтората награда е предвидена видео камера, а на авторот на третонаградениот производ ќе му биде доделен професионален фотоапарат.

Кандидатите треба да пополнат формулар за пријавување и заедно со изработениот продукт да го испратат на е-адресата [email protected] најдоцна до 23-ти март 2015 година. Повеќе информации за конкурсот може да се добијат на www.medium.edu.mk .

OhridNews