СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишно лице од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

Пријавениот, неовластено набавил марихуана, ја препакувал и ја продал на едно лице од Охрид, која му била пронајдена при преглед во неговото патничко возило, велат од СВР Охрид.

OhridNews