Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, криминалистичката полиција Струга, поднесе кривична пријава против четири лицa на возраст од 53, 32, 29 и 25 години, сите од Струга.
-Пријавените, казненото дело го извршиле на шести овој месец околу 22 часот на улицата „Црн Дрим” во домот на стружанец. Откако неговата сопруга ја отворила вратата, највозрасниот физички ја нападнал удирајќи ја со шлаканица и со тупаници по целото тело. Потоа, зедно со останатите пријавени, влегле во домот каде забележале две лица и физички ги нападнале, предизвикувајќи страв кај нивните малолетни деца кои веднаш избегале надвор од собата. За кратко време, тепачката продолжила надвор од куќата каде еден од пријавените употребил метална врз едно од нападнатите лица удирајќи го во пределот на главата. Со брза интервенција на полициските службеници, спречен е натамошниот тек на тепачката а седум повредени лица се префрлени во Општата болница во Струга. Според пријавените, причина за стореното казнено дело „насилство“ е нарушени меѓусебни односи со оштетените. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
OhridNews