СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33-годишен стружанец поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсорси” и „овозможување на употреба наркотични дроги”.
Во кругот на охридската Општа болница, при претрес на возилото со кое управувал, биле пронајдени најлонска паковка со опојна дрога метамфетамин со нето маса од 0,44 грама и најлонска паковка со опојна дрога марихуана со нето маса 2.35 грама. Од пронајдената дрога пријавениот му дал да користи и на друго лице.
OhridNews