Се сеќавате ли на уличното куче Манго кое неодговорен граѓанин тешко го повреди со секира пред два месеца на улицата „Егејска“ во Охрид?

Манго благодарение на грижата на неколкумина волонтери и љубители на животни од Охрид, целосно закрепна, а си најде и дом. Не кај нас, туку во Прага, Чешка.

Enjoy the story of #Mango the dog who was hitten by an ax in Ohrid,Macedonia two months ago❤Now happily adopted in Prague❤

Geplaatst door Anastazija Dimzovska op Zondag 25 november 2018

Mанго е едно од бројните улични кучиња во Охрид кои се вдомени во странство. Иако постојано се апелира за помош и вдомување на уличните кучиња, интересот, но и свеста кај нас за овој општествен проблем е исклучително ниска. За тоа најдобро говори фактот дека и натаму продолжува трендот на напуштање на домашни миленици, кои најчесто во поодминати години, а некои и порано, се оставаат на улица од страна на сопствениците. Тие, пак, и натаму минуваат неказнето за тоа, иако во земјава постои Закон за благосостојба на животните кој речиси воопшто не се почитува.

OhridNews