Лајонс клубот „Десарети” вчера донираше надгледни средства за учениците со посебни образовни потреби во ОУ „Братство Единство” во Охрид.

„Благодарни сме за донацијата од Лајонс клубот „Десарети”, со кои имаме долгододишна соработка. Нагледните средства во голема мера ќе ја олеснат работа со учениците со посебни образовни потреби”- информираат од училиштето.

Инаку членовите на овој Лајонс клуб и во текот на изминатиот период рализираа слични хуманитарни акции за помош и поддршка на најранливите категории.

OhridNews