Полицијата го пронајде и приведе лицето кое утрово изврши лажна дојава за подметната бомба во кафе барот „Objectif“ .

Во тек е информативен разговор со приведеното лице, по што се очекува да биде поднесена соодветна пријава против него.


Утрово, иако постоеја индикации дека станува збор за лажна дојава, полицијата согласно законот и пропишаните процедури го обезбеди просторот и изврши детална контрола, по што кафе барот продолжи со работа.

Според првичните информации, дојавата ја извршило лице кое претходно имало расправија во угостителскиот објект за неплатена сметка.

OhridNews