По неодамнешното објавување во Скопје, стихозбирката ,,Лилјаци“ на македонскиот поет Ристо Лазаров, деновиве излезе од печат и во Белград. Издавач на книгата е угледниот издавач ,,Архипелаг“, а автори на препевот се Енес Халиловиќ и авторот.

Книгата содржи и обемен поговор на писателот Васе Манчев. Ова е деветта по ред стихозбирка на Ристо Лазаров објавена на српски јазик во Белград. Најавен е и препев на ,,Лилјаци“ на чешки јазик.

OhridNews