Утрово, околу 9 часот и 3о минути, пријавениот, телефонски, во СВР Охрид, пријавил дека, во кафе барот „Објектив„ , поставил три бомби кои требало за 10 минути да експлодираат. По добивањето на известувањето, формиран бил тим, кој извршил преглед во угостителскиот објект, при што било констатирано лажно пријавување за подметнати бомби.
СВР Охрид, за кратко време го пронашол Ќ.Ч. кој се обидел со нож да им се спротивстави на полициските службеници. Истиот бил приведен во СВР Охрид, каде, во присуство на адвокат со него се извршил разговор. Бидејќи се работи за душевно болно лице, истиот е спроведен во душевната болница во Демир Хисар.
Пред да биде приведен, Ќ.Ч. со нож извршил оштетување на гумите и на вратите на две патнички моторни возила паркирани на кејот „Маршал Тито„ односно на улицата „Богомилска„
Синоќа во истиот угостителски објект, тој, ја загрозил сигурноста на еден од вработените, кој, поради претходно неплатени сметки, одбил да му донесе пијалок. Револтиран од тоа, Ќ.Ч. го нападнал со нож но, притоа бил спречен. И за овај настан, СВР Охрид поднесе пријава.