Охриѓанецот Емил Балески ги промовираше Македонија и Охрид на меѓународниот настан во градот Monterrey во Мексико во рамки на интернационалната вечер на студенти од целиот свет.
Целта на оваа интернационална вечер е промоција на различни земји и градови од каде што доаѓаат студентите. На овој меѓународен настан присуствуваа учесници од различни земји од сите континети. Сите земји учеснички на настанот имале свој штанд на кои ги претставиле својата земја и својот град, традициите, подготвиле национални јадења, а на штандовите имало и национални пијалоци, како и промоција на националната музика и танци.
Македонија, односно Охрид имал свој штанд на кој што Емил Балески бил единствен претставник од Македонија. Останатите студентски делегации биле побројни.
Главната цел на овој интерконтинентален собир и забава на студентите кои се на студентска размена во Monterrey е меѓусебно запознавање со различните културии традиции преку песна и игра, како и промоција на земјите и градовите на студентите од сите страни на светот, кои доаѓаат еден семестар на студентска размена во Monterrey.
Емил е на студентска размена на Универзитетот во Monterrey во траење од еден семестар, а инаку е редовен студент на трета година на Универзитетот за применети науки “Fontys” во Холандија- студиска група меѓународна бизнис економија.
OhridNews