Правни лица, здруженија, организации, државни и образовни институции кои работат во областа на туризмот, до вторник 28-ми октомври, имаат можност да се пријават за коучество на седумте интернационални саеми за туризам, на кој Македонија ќе биде претставена во јануари и февруари 2015 година.
Според известувањето кое го има објавено Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, прв на распоредот за саемски претставувања ќе биде саемот „Vakantiebeurs“ во Утрех, Холандија, кој ќе се одржува од 13-ти до 18-ти јануари. Веднаш по него следува саемот „МАТКА“, кој ќе се одржува од 15-ти до 18-ти јануари во Хелсинки,Финска.
Од 22-ри до 25-ти јануари, македонските туристички богатства ќе бидат промовирани пред посетителите на саемот за туризам „EMITT“ во Истамбул, Турција. По него следува саемот „FITUR“, кој ќе се одржува во Мадрид, Шпанија од 28-ми јануари до 01-ви февруари.
Македонија ќе има промотивен штанд и на саемот за туризам „Brussels holiday fair“ кој ќе се одржува од 5-ти до 9-ти февруари во Брисел, Белгија, а ќе се претстави и на саемот на туризам „Holiday i spa“ кој ќе се одржува во Софија, Бугарија од 12-ти до 14-ти февруари. Двомесечниот распоред на саемски претставувања ќе завршат со саемот „IFT“, кој ќе се одржува во Белград, Србија од 19-ти до 22-ри февруари.
Повеќе информации за начинот на пријавување за коучество на интернационалните претставувања може да се најадат на веб страницата на Агенцијата за промоција и подршка и промоција на туризмот.
OhridNews













