Македонските туристички потенцијали ќе бидат претставени на саемот за туризам „Vakantiebeurs“  кој од денеска до 17-ти јануари 2016 година ќе се одржува во Утрехт, Холандија.

Овој саем е еден од најпосетените саеми за туризам во земјите на Бенелукс, а Македонија по петти пат ќе биде дел од овој маѓународен туристички собир. Освен промотивниот штанд, македонските туристички претставници се очекува да остварат бизнис средби и контакти со туристички работници, како и со новинари и медиуми заинтересирани за информативни патувања во Македонија.

Според известувањата кои ги има објавено Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, Македонија ќе биде претставена и на саемот „EMITT“ во Истанбул, Турција кој ќе се одржува од 28-ми до 31-ви јануари. Од 4-ти до 8-ми февруари, македонските туристички богатства ќе бидат промовирани пред посетителите на саемот за туризам „Brussels holiday fair“ кој ќе се одржува во Брисел, Белгија. Македонија ќе има промотивен штанд и на саемот за туризам „Holiday i spa“ кој од 11-ти до 13-ти февруари ќе се одржува во Софија, Бугарија.

Инаку во текот на 2015 година, Македонија ги презентираше своите туристички можности на саемите во Утрех, Истанбул, Брисел, Софија, Белград, Берлин, Москва, Гетебург, Келн,Токио, Римини, Париз и Лондон.

OhridNews