Триесетгдишниот Марјан Велјаноски од Охрид кој на пошироката јавност и стана познат кога јавно проговори за проблемите со кои се соочуваат болните од рак на кожа (меланом), ја загуби битката со тешката болест. 

Тој почина два месеца откако државата под притисок на јавноста одлучи да ја ревидира позитивната листа на лекови и на неа да го стави лекот за меланом за лица позитивни на брав мутација. Постапката се уште е во тек.

Марјан претходново поради немање финансиски средства морал да го прекине лекувањето со таблетарна терапија и покрај значително подобрување на состојбата. По актуелизирањето на проблемот тој од државата го доби потребниот лек но не ја издржа битката со ракот.

OhridNews