Наместо од ”ЈП Градски Гробишта” да имаат доблест и да ги решат проблемите на граѓаните на Охрид со кои секојдневно се среќаваат и заради кои реагираат, тие свикуваат прес конференција на која обвинуваат со цел да се нанесе штета на авторитетот и реномето на нашето претпријатие, реагира операторот за погребални услуги  „Мирен Сон“.

„Сите изнесени изјави на ЈП ”Градски гробишта” се невистинити и ние во целост ги демантираме.

Помеѓу ЈП ”Градски гробишта” и нас постои спор за кој Судот ќе се произнесе и ќе донесе одлука, а кој што спор нема никаква врска со она што се наведува на прес конференцијата.

А граѓаните добро знаат дали има и дали е потребно греење во капелата кога мрзнат во периодот кога ги испраќаат своите најмили, дали се потребни тоалети во гробиштата и дали граѓаните се запознаени дека воопшто на гробиштата постојат тоалети и какви се условите во делот за муслимански верски обред.“ – се вели во писмената реакција на операторот за погребални услуги „Мирен Сон“.

OhridNews