Министерот за надворешни работи Бујар Османи оваа недела оствари комуникација со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева, при што беше договорено претстојните денови да се разменат предлози од двете страни за Акцискиот план.

Целта е да најдеме начин да ја зајакнеме имплементацијата и ефикасноста на Договорот за пријателство од 2017 година, со што ќе се врати довербата и во самиот Договор и во процесот на дијалог меѓу двете земји за отстранување на разликите, како што доликува на две пријателски соседни земји во Европа. Улогата на специјалниот претставник Владо Бучковски е редовно да патува за Бугарија со цел следење на Акцискиот план и поттикнување на соработката на сите нивоа. Во оваа насока очекувано е во наредниот период да оствари чести патувања на релација Скопје – Софија, стои во соопштението.
OhridNews












